Дела на подарување без очекување ништо за возврат е дефиниција за вистински дела на ЉУБЕЗНОСТ

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ЉУБЕЗНОСТ“

„Љубезност“ е здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци. Се грижи за своите крајни корисници покривајки ги нивните потреби со хуманитарна помош во храна, хигиенски средства, облека и останато. Исто така и давајки придонес во нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, помагајки им во процесот на вадење на лични документи, остварување на определени социјални права, советодавни разговори и придружба до институции, медицинска поддршка и набавка на лекарства, посредување при вработување, вдомување на бездомници со поддршка…

Дел од нашите активности

Седмичен оброк

Настојуваме да промовираме солидарност, да помагаме на нашите сограѓани кои имаат потреба од топол оброк за себе и семејствата и да го поттикнеме секој човек што фрла, да сподели со оној што нема. Од 29.12.2013, ништо не нè спречува секоја сабота да бидеме пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Насмеаните лица се наша седмична мотивација.

Поддршка на семејства

Редовно посетуваме дел од социјално загрозените семејства и изнемоштените лица на кои им даваме психо-социјална, правна и медицинска поддршка. Разговараме околу нивните проблеми, потешкотии и потреби. Им набавуваме основни намирници на неделно ниво, им помагаме да го балансираат товарот и се фокусираме на нивна подобра иднина.

Достава на донации

Нашиот тим на волонтери се грижи за основните потреби на нашите крајни корисници. Директно во нивните домови, им се доставува храна, хигиенски средства, лекарства, покуќнина и останато, со цел да им ја ублажиме состојбата во која се наоѓаат. На тој начин се трудиме да им овозможуваме барем малку да се почуствуваат подобро.

Сезонски пунктови

Сезонските пунктови ги организираме најчесто во Октомври секоја година, на кои се собираат донации во топла облека, обувки, ќебиња и друго. Истите се наменети за потребите на бездомниците за зимскиот период. Граѓаните покажуваат голем интерес и донираат различни материјални добра, давајки придонес во помагањето на сиромашните.

Соработка со институции

Воспоставената соработка со институциите е од исклучителна важност, во обезбедување целосна поддршка на најранливите. Комуникацијата се одвива на дневно ниво, во правец да се унапреди досегашната работа и да продолжи со успешна реализација на нашите идни активности. На ваков начин најголем бенефит имаат нашите крајни корисници.

Поддршка од компании

Голем број од нашите активности се поддржани од страна на компаниите. Со нивните парични и материјални донации се стекнуваме со ресурс, неопходен во мисијата да им помогнеме на поголем број наши крајни корисници. Се радуваме за секоја нова соработка и од покажаната хуманост на дело, со заслужно учество на вработените и менаџментите.

Вмрежување со други ГО

Вмрежувањето со други граѓански организации е моќна алатка, инвестирајки ги нашите ресурси, знаења и искуства. На ваков начин поспремно се соочуваме со предизвиците, реализираме заеднички активности на терен и на тој начин ги оптимизираме трошоците. Среќни сме што имаме започнато соработка со повеќе ГО, кои се наши искрени соработници.

Активности со иницијативи

Нè радува што се поголем број иницијативи се заинтересирани за преземање акции, преку организирање на најразлични активности и настани, и иницирање на проекти со цел да им се помогне на бездомниците и социјално загрозените семејства. Продолжуваме со заеднички активности да даваме помош и поддршка на што поголем број крајни корисници.

Новогодишни пакетчиња

Најголемото херојство се крие во детските срца, кои со насмевка и љубов сите не освојуваат, затоа постојано се трудиме да предизвикаме детски насмевки колку што е можно повеќе. Низа години ги изненадуваме најмалите од социјално загрозените семејства со слатки новогодишни пакетчиња, кои се донации добиени од лица поединци и фирми.

Вдомување

Бездомништвото е една од главните и важни теми во нашата земја каде што се потребни системски решенија за да може да се реши ова прашање. Во изминатиов период, како здружение, пилотираме активности и вдомивме определн број бездомници. Целта е да се најдат трајни решенија, односно постојани места за живеење на оваа категорија луѓе.

Посредување за вработување

Наша цел како здружение, не е да ги навикнуваме бездомниците и социјално загрозените на постојана хуманитарна помош, туку паралелно водиме процеси на ресоцијализација и реинтеграција вклучително и посредуваме за нивно вработување. На тој начин тие се здобиваат со свое работно место и обезбедуваат приход за себе и за своите семејства.

„Плати сметка“

Од септември 2020, започнавме со оваа активност, со која успеваме да им овозможиме основни услови за живот на нашите крајни корисници, кои поради големи долгови останале без електрична енергија во нивните домови. Се покажа на дело дека нашите хумани сограѓани активно и посветено ги плаќаат сметките на социјално загрозените семејства.

Училишна опрема и компјутери

На почетокот на секоја учебна година, училишната опрема и компјутери, е предизвик на голем број дечиња од социјално загрозените семејства. За таа цел нашето здружение преку донации од фирми и индивидуалци ги обезбедува истите, кои што се доставуваат директно до дечињата, се со цел да им се олеснат училишните денови за следење на наставата.

Рециклирај и донирај

Заедно со компанијата „Суниленс“ го реализираме еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“. Преку истиот се собира отпадно масло за јадење од страна на граѓаните, кои како собирачи имаат можност да генерираат донација наменета за социјално загрозени семејства. Целта е зголемување на еколошката свест и помагање на најранливите.

Социјална и правна поддршка

Дел од социјално загрозените лица немаат лични документи и вадењето на истите, им е голем проблем. Документацијата е од исклучителна важност за да можат да си ги остварат понатаму своите права. Социјалниот работник и правникот им даваат целосна поддршка детектирајќи ги проблемите, советувајќи ги за натамошни чекори и придружувајќи ги до институции.

Медицинска поддршка и лекарства

Голем предизвик на одреден број сограѓани претставува обезбедувањето на соодветни лекарства кои се неопходни за подобрување на здравјето. Активната поддршка од медицинската сестра која е достапна за консултации и совети, им е од голема важност. Добиваат придружба до здравствени установи, а исто така им се помага и во обезбедување на соодветни помагала.

Низ броеви

Поделени оброци

Поделени лекарства

Поделени парчиња мебел

Поделени хигиенски средства

Поделена облека (килограми)

Поделена храна (килограми)

Платени сметки со посредување

Вдомени лица

Посети на семејства

Посредување за вработување

Социјална и правна поддршка

Медицинска поддршка

Последно ажурирање на горенаведените броеви е направено на 01.10.2022.

Најнови Вести

Поделени 244 оброци на бездомни лица

Поделени 244 оброци на бездомни лица

Тука сме за да им помогнеме и да ги покрепиме бездомните лица со топол оброк. Оваа сабота (04.12), заедно со #Ретвитниоброк успеавме да обезбедиме вкупно 244 оброци на бездомниците во градот. Голема благодарност до сите кои дадоа свој придонес: #Ретвитниоброк се...

read more
Посета од колегите од Hvo-Querido од Амстердам

Посета од колегите од Hvo-Querido од Амстердам

Преку ЕРАСМУС + проектот: „Социјална инклузија преку живеење во заедницата“, колегите од Hvo-Querido од Амстердам беа во посета на Скопје, каде што од близу лично се запознаа со активностите на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ за помагање на бездомните и социјално загрозени лица. Во...

read more
592 Топли седмични оброци за бездомни лица – 27.11.2021

592 Топли седмични оброци за бездомни лица – 27.11.2021

Најголеми херои се хуманите луѓе кои споделуваат со оние кои немаат!Минатава сабота на бездомниците во центарот на Скопје им се поделија вкупно 592 оброци. Овој пат, ни се приклучија и волонтери од Неготино - Вилма и Драгослав. Им упатуваме голема благодарност на сите...

read more
Поделени 244 оброци на бездомни лица

Поделени 244 оброци на бездомни лица

Тука сме за да им помогнеме и да ги покрепиме бездомните лица со топол оброк. Оваа сабота (04.12), заедно со #Ретвитниоброк успеавме да обезбедиме вкупно 244 оброци на бездомниците во градот. Голема благодарност до сите кои дадоа свој придонес: #Ретвитниоброк се...

read more
Посета од колегите од Hvo-Querido од Амстердам

Посета од колегите од Hvo-Querido од Амстердам

Преку ЕРАСМУС + проектот: „Социјална инклузија преку живеење во заедницата“, колегите од Hvo-Querido од Амстердам беа во посета на Скопје, каде што од близу лично се запознаа со активностите на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ за помагање на бездомните и социјално загрозени лица. Во...

read more
592 Топли седмични оброци за бездомни лица – 27.11.2021

592 Топли седмични оброци за бездомни лица – 27.11.2021

Најголеми херои се хуманите луѓе кои споделуваат со оние кои немаат!Минатава сабота на бездомниците во центарот на Скопје им се поделија вкупно 592 оброци. Овој пат, ни се приклучија и волонтери од Неготино - Вилма и Драгослав. Им упатуваме голема благодарност на сите...

read more
Медицинска придружба и помош со лекарства

Медицинска придружба и помош со лекарства

Медицинската сестра од тимот на Љубезност, придружуваше наши крајни клиенти до здравствените институции каде што некои социјално загрозени граѓани имаа потреба. Исто така, беа дадени лекарства - донирани од хуманите граѓани, онаму каде што беа најпотребни. Искажуваме...

read more