
Дела на подарување без очекување ништо за возврат е дефиниција за вистински дела на ЉУБЕЗНОСТ
ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ЉУБЕЗНОСТ“
„Љубезност“ е здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци. Се грижи за своите крајни корисници покривајки ги нивните потреби со хуманитарна помош во храна, хигиенски средства, облека и останато. Исто така и давајки придонес во нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, помагајки им во процесот на вадење на лични документи, остварување на определени социјални права, советодавни разговори и придружба до институции, медицинска поддршка и набавка на лекарства, посредување при вработување, вдомување на бездомници со поддршка…
Дел од нашите активности

Седмичен оброк
Настојуваме да промовираме солидарност, да помагаме на нашите сограѓани кои имаат потреба од топол оброк за себе и семејствата и да го поттикнеме секој човек што фрла, да сподели со оној што нема. Од 29.12.2013, ништо не нè спречува секоја сабота да бидеме пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Насмеаните лица се наша седмична мотивација.

Поддршка на семејства
Редовно посетуваме дел од социјално загрозените семејства и изнемоштените лица на кои им даваме психо-социјална, правна и медицинска поддршка. Разговараме околу нивните проблеми, потешкотии и потреби. Им набавуваме основни намирници на неделно ниво, им помагаме да го балансираат товарот и се фокусираме на нивна подобра иднина.

Достава на донации
Нашиот тим на волонтери се грижи за основните потреби на нашите крајни корисници. Директно во нивните домови, им се доставува храна, хигиенски средства, лекарства, покуќнина и останато, со цел да им ја ублажиме состојбата во која се наоѓаат. На тој начин се трудиме да им овозможуваме барем малку да се почуствуваат подобро.

Сезонски пунктови
Сезонските пунктови ги организираме најчесто во Октомври секоја година, на кои се собираат донации во топла облека, обувки, ќебиња и друго. Истите се наменети за потребите на бездомниците за зимскиот период. Граѓаните покажуваат голем интерес и донираат различни материјални добра, давајки придонес во помагањето на сиромашните.

Соработка со институции
Воспоставената соработка со институциите е од исклучителна важност, во обезбедување целосна поддршка на најранливите. Комуникацијата се одвива на дневно ниво, во правец да се унапреди досегашната работа и да продолжи со успешна реализација на нашите идни активности. На ваков начин најголем бенефит имаат нашите крајни корисници.

Поддршка од компании
Голем број од нашите активности се поддржани од страна на компаниите. Со нивните парични и материјални донации се стекнуваме со ресурс, неопходен во мисијата да им помогнеме на поголем број наши крајни корисници. Се радуваме за секоја нова соработка и од покажаната хуманост на дело, со заслужно учество на вработените и менаџментите.

Вмрежување со други ГО
Вмрежувањето со други граѓански организации е моќна алатка, инвестирајки ги нашите ресурси, знаења и искуства. На ваков начин поспремно се соочуваме со предизвиците, реализираме заеднички активности на терен и на тој начин ги оптимизираме трошоците. Среќни сме што имаме започнато соработка со повеќе ГО, кои се наши искрени соработници.

Активности со иницијативи
Нè радува што се поголем број иницијативи се заинтересирани за преземање акции, преку организирање на најразлични активности и настани, и иницирање на проекти со цел да им се помогне на бездомниците и социјално загрозените семејства. Продолжуваме со заеднички активности да даваме помош и поддршка на што поголем број крајни корисници.

Новогодишни пакетчиња
Најголемото херојство се крие во детските срца, кои со насмевка и љубов сите не освојуваат, затоа постојано се трудиме да предизвикаме детски насмевки колку што е можно повеќе. Низа години ги изненадуваме најмалите од социјално загрозените семејства со слатки новогодишни пакетчиња, кои се донации добиени од лица поединци и фирми.

Вдомување
Бездомништвото е една од главните и важни теми во нашата земја каде што се потребни системски решенија за да може да се реши ова прашање. Во изминатиов период, како здружение, пилотираме активности и вдомивме определн број бездомници. Целта е да се најдат трајни решенија, односно постојани места за живеење на оваа категорија луѓе.

Посредување за вработување
Наша цел како здружение, не е да ги навикнуваме бездомниците и социјално загрозените на постојана хуманитарна помош, туку паралелно водиме процеси на ресоцијализација и реинтеграција вклучително и посредуваме за нивно вработување. На тој начин тие се здобиваат со свое работно место и обезбедуваат приход за себе и за своите семејства.

„Плати сметка“
Од септември 2020, започнавме со оваа активност, со која успеваме да им овозможиме основни услови за живот на нашите крајни корисници, кои поради големи долгови останале без електрична енергија во нивните домови. Се покажа на дело дека нашите хумани сограѓани активно и посветено ги плаќаат сметките на социјално загрозените семејства.

Училишна опрема и компјутери

Рециклирај и донирај

Социјална и правна поддршка

Медицинска поддршка и лекарства
Низ броеви
Поделени оброци
Поделени лекарства
Поделени парчиња мебел
Поделени хигиенски средства
Поделена облека (килограми)
Поделена храна (килограми)
Платени сметки со посредување
Вдомени лица
Посети на семејства
Посредување за вработување
Социјална и правна поддршка
Медицинска поддршка
Последно ажурирање на горенаведените броеви е направено на 01.10.2022.
Најнови Вести
Платени сметки за струја
Во соработка со Ways2Help во месец јуни 2025 беа платени 47 сметки за струја за 22 социјално загрозени семејства, во вкупен износ од 158,631 МКД. Голема благодарност до сите донатори кои несебично...
Седмичен оброк за бездомни и социјално загрозени лица
И оваа сабота, благодарение на добрината и поддршката од нашите соработници, успеавме да обезбедиме топол оброк и парче леб за оние на кои најмногу им е потребно. Направи Повеќе Do More 220 оброци 60 леба Zito Luks/Жито Лукс 50 леба Вкупно: 220 оброци + 110 леба! Во...
Аnna Lindh Forum (ALF Tirana) 20.06.2025
FOOD ON - WASTE OFF И овој ден, заедно со колегите од Go Green - Биди Зелен, имавме можност да ја споделиме вишокот на припремена храна со дел од ромската заедница во еден социјален центар во Тирана. Македонското гравче многу им се допадна на корисниците во Центарот,...
Платени сметки за струја
Во соработка со Ways2Help во месец јуни 2025 беа платени 47 сметки за струја за 22 социјално загрозени семејства, во вкупен износ од 158,631 МКД. Голема благодарност до сите донатори кои несебично...
Седмичен оброк за бездомни и социјално загрозени лица
И оваа сабота, благодарение на добрината и поддршката од нашите соработници, успеавме да обезбедиме топол оброк и парче леб за оние на кои најмногу им е потребно. Направи Повеќе Do More 220 оброци 60 леба Zito Luks/Жито Лукс 50 леба Вкупно: 220 оброци + 110 леба! Во...
Аnna Lindh Forum (ALF Tirana) 20.06.2025
FOOD ON - WASTE OFF И овој ден, заедно со колегите од Go Green - Биди Зелен, имавме можност да ја споделиме вишокот на припремена храна со дел од ромската заедница во еден социјален центар во Тирана. Македонското гравче многу им се допадна на корисниците во Центарот,...
Anna Lindh Forum (ALF Tirana) – 19.06.2025
FOOD ON - WASTE OFF Вториот ден имавме можност на плоштадот Скендер Бег во Тирана да готвиме македонско гравче , да припремиме салата и да потпечеме лепче , кои како вишок на храна ги зедовме од локалниот пазар. Учесниците на настанот и случајните минувачи имаа...