ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

На оваа страна е наведена политиката на приватност која што дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од услугите преку истата. Во склоп на нашата политика на приватност е и политиката за користење на колачиња (cookies).

Вовед

Во ЗГ Љубезност посветено се трудиме да ја оправдаме довербата која со години наназад ни ја даваат граѓаните кои доаѓаат во интеракција со нашето здружение, и кога се во прашање соработници (преку било каков облик на соработка) и кога се во прашање наши крајни корисници. Ние како правно лице (здружение на граѓани) се обврзуваме дека со вашите податоци ќе се раководиме согласно оваа политика на приватност и законските легислативи.

Во оваа политика на приватност ви изнесуваме јасна слика за тоа како ги процесираме вашите лични податоци кои ги внесувате, вашите права, нивната заштита, како и можностите кои ги имате за контрола на вашите лични податоци и заштита на вашата приватност.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е ЗГ Љубезност, со седиште на бул Кочо Рацин бр. 30, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Категории на лични податоци кои се обработуваат

Ние обработуваме два вида на податоци:

1) Податоци за аналитика
Во овој вид на податоци спаѓаат: време поминато на нашата веб страна, вид на уред, оперативен систем и интернет пребарувач со кој пристапувате до нашите содржини, резолуција на екранот, посетени страници, референтен URL од кој пристапувате до нашата веб страна и слично. Сите тие податоци ни служат исклучиво за аналитика, подобрување на функционалноста на веб страната и маркетинг.

2 Лични податоци
Под лични податоци се сметаат информациите кои ве карактеризираат вас, како што се вашето име, вашата физичка адреса, вашата е-маил адреса, вашиот телефонски број или линк од профил на социјалните мрежи, итн. ЗГ Љубезност ги обработува вашите лични податоци кои вие доброволно сте ги внеле на нашата веб страна за остварување на конкретната намена. На пример, кога комуницирате со нас, или кога донирате, или кога аплицирате за волонтирање, итн.

Колачиња (Cookies)

Колачињата се мали текстуални фајлови кои привремено се складираат на вашиот уред (компјутер, таблет, телефон…) сè со цел да овозможат веб страната на ЗГ Љубезност да функционира правилно со сите опции кои постојат на нејзе и да може да го препознае вашиот уред наредниот пат кога повторно ќе ја посетите. Колачињата овозможуваат да се подобри вашето корисничко искуство, да се оптимизира и да се унапреди функционирањето на самата страна. Нашата политика за колачиња е составен дел од нашата политика за приватност.

На нашата веб страница користиме колачињa кои што генерално може да се класифицираат во 3 групи:
– Неопходни колачиња (неопходни за основно функционирање на веб страната)
– Аналитички колачиња (за обработување на статистички информации кои подоцна се користат за аналитички цели)
– Маркетинг колачиња (за маркетинг цели)

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, ЗГ Љубезност ќе ги користи исклучиво за потребите на самата веб страна. ЗГ Љубезност ќе ги користи информациите кои се запишуваат во колачињата на начин на кој што вашата приватност нема да биде загрозена.

Доколку продолжите со користењето на нашата веб страна, вие се согласувате со условите на користењето на колачињата.

Со колачињата можете да менаџирате на повеќе начини. Во продолжение ќе наведеме два најосновни начини:
1) Доколку ја посетувате нашата веб страна со incognito или private сесии од вашиот интернет пребарувач.
2) Управување со колачињата во поставките на вашиот интернет пребарувач.

 

Социјални мрежи и апликации за комуникација

Ние сме активно присутни на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Instagram, Linkedin, Youtube) и на апликации за комуникација (Viber, WhatsApp, итн.). Доколку одлучите да остварите комуникација со нас преку социјалните мрежи или апликациите за комуникација, бидете свесни дека на тој начин вашите податоци може да станат достапни за тие социјални мрежи или апликации за комуникација. Доколку сакате да дознаете како тие управуваат со вашите податоци, ве молиме запознајте се со нивните политики на приватност.

Линкови до други страни

Веб страната на ЗГ Љубезност содржи линкови до други веб страни на кои што оваа политика на приватност не се однесува. Кога ќе ја напуштите веб страната на ЗГ Љубезност, ве молиме имајте на ум дека на тие веб страни постојат други начини на обработка на приватните податоци и постојат нивни политики на приватност, па доколку сакате да информирате повеќе околу нив – ќе треба да ги прочитајте изјавите кои се наведени таму.

Безбедносни мерки

Безбедноста на личните податоци е клучна во работењето на ЗГ Љубезност. На нашата веб страна користиме HTTPS безбедносен протокол и TLS енкрипција. ЗГ Љубезност води посебна грижа за безбедно чување на вашите лични податоци од гуење, уништување или фалсификување.

Доколку одлучите да донирате преку нашата веб страна со користење на платежна картичка, би сакале да бидете информирани дека податоците од вашата платежна картича не се процесираат преку нашиот сервер и истите не се видливи за нас. При последниот чекор од процесот на донирање ќе бидете пренасочени во авторизираниот сервер на Комерцијална банка каде што вашата трансакција се процесира преку најсовремени безбедносни системи кои ги исполнуваат најстрогите критериуми и стандарди за безбедност на светско ниво. Она што ние го добиваме како информација од банката е дали трансакцијата била успешна, колкав бил износот, името и првите или последните 4 броеви од вашата платежна картичка.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор

За дополнителни информации или прашања кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и за тоа како управуваме со нив, и/или остварување на Вашите права во однос на обработката на личните податоци, можете да нè контактирате на [email protected]

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите на ЗГ Љубезност и истите тие промени ќе бидат ажурирани на оваа страна.