ШТО ПЛАНИРАМЕ
Сите ние сме сведоци на болната реалност дека бројот на бездомници и социјално загрозени поединци и семејства во Македонија расте од месец во месец, од година во година. И покрај тоа што преку активностите на Љубезност вложуваме максимални напори да го олесниме секојдневието на најранливите категории на граѓани во нашето општество, сепак потребите се толку големи што нè тера да размислуваме за неопходноста од развивање на системи преку кои ќе можеме да пружиме уште пооптимална помош и поддршка. Во продолжение изнесуваме дел од нашите идни планови кои се однесуваат на системски развој на Љубезност и подигнување на нивото на услугите кон нашите крајни корисници.
Кои се нашите идни планови?
– Основање на Центар за социјална и професионална реинтеграција
– Отворање на шелтер-центар за бездомници
– Иницирање и развој на проекти за доброто на нашите корисници и поттикнување на проактивност на заедницата.