По дојава од центар за социјална работа – Гази Баба за бездомно лице на кое му е потребна помош, нашиот тим излезе на терен.
Бранко живее во напуштена просторија во Автокоманда која скоро била зафаена од пожар. Од наша страна интервентно му беше однесено: вреќа за спиење, јорган, ќебе, перница, облека и храна.
Ќе продолжиме и понатаму да ја следиме ситуацијата и да видиме на кој друг начин може да се помогне.

