Благодарност до Направи Повеќе – Do More

21 Јан 2025 | Донирање

Здружението Направи Повеќе Do More, кое е наш постојан соработник и поддржувач, со дарежлива донација допринесе кон благосостојбата на оние кои им е најпотребно.
💊Тие донираа 57 видови на лекови, односно вкупно 258 парчиња лекови во вредност од 37 054 денари.
❤Лековите се наменети за социјално загрозени лица на кои им помагаме со цел справување со здравствените тегоби и подобрување на здравјето. Вашата помош е од големо значење!