Новогодишен седмичен оброк за бездомници

1 Јан 2025 | Седмичен оброк

❤️ ЗГ Љубезност во соработка со LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food, на 31.12.2024, организираше предновогодишна трпеза за бездомните лица во нашиот град. Заедно поделивме 250 оброци со топла чорба, свеж леб, сокчиња и благо за сите кои дојдоа, како и за оние кои редовно ги посетуваме, а немаат можност да дојдат.
Голема благодарност до LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food и нивниот тим за огромната поддршка во овој период, која им ги стопли срцата и стомаците на нашите корисници. 💖
Нека оваа нова година донесе надеж и радост за сите! 🎉✨