Огромна благодарност до тимот на Frontwise Group

21 Дек 2024 | Донирање, Соработки

Сакаме да изразиме искрена благодарност до тимот на Frontwise Group за нивната безрезервна поддршка во нашите хуманитарни активности. Со нивната помош ќе обезбедиме неопходни ресурси за социјално загрозените семејства, вклучувајќи храна, хигиенски средства и лекови.
✨Она што посебно не воодушеви е што не само компанијата како целина, туку и вработените во Frontwise Group, самоиницијативно собраа средства за оваа благородна цел. Нивната хуманост и посветеност се вистински пример за солидарност и заедништво.
❤ Ние искрено благодариме на тимот на Frontwise Group за нивната поддршка и несебична помош!