Минатиот понеделник бевме во посета на новопријавено семејство на кое му е потребна помош. Нашиот социјален работник направи увид во состојбата на семејството и утврди дека истото моментално се соочува со ризик од сиромаштија.
Се работи за петчлено семејство со три мали деца, од кои едното е две месечно бебе. Тие се дојдени од друг град во Скопје под кирија поради повеќе работни можности. Но од преработеност, работејќи две смени, сопругот се здобива со сериозни здравствни проблеми и сега два месеци треба да мирува.
Ним им е потребна поддршка овој период додека се подобри здравствената состојба на сопругот и повторно застане на нозе семејството.
Ова е еден од случаевите со кои се запознаваме на терен и кои поради тешки животни околности се наоѓаат во неповолна ситуација. Ова може секому да се случи. Секој може да остане без приход.


