Посета на нов краен корисник

23 Окт 2024 | Поддршка на семејства

Благодарение на постојаната соработка со центрите за социјална работа му беше помогнато на лице од Петровец. По дојавата на ЦСР Гази Баба излеговме на терен и беше увидена следната состојба:
63 годишното лице В.Н. една година пред остварување на правото на старосна пензија останува без приходи. По претрпен мозаочен удар едната страна од телото му се укочува и сега е тешко подвижен и неспособен за работа. По трагичната смрт на своето дете на млади години тој останува без семејство и без поддршка која сега му е потребна.
Нашиот стручен тим беше во посета на В.Н., му ги детектираа потребите на лицето и донираа пакет храна. Ќе се продолжи со давање на психосоцијална помош и помош при плаќање на сметки за струја, како и следење на состојбата на нашиот нов краен корисник.
Да бидеме поддршката што им е потребна на лицата во социјален ризик.
Донирајте за подобри животни услови!
🔹 Со поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, преку проектите Грижи се 2 и ComHome, компанијата CMX Solutions, Град Скопје и Општина Гази Баба продолжуваме да ја унапредуваме нашата работа и да обезбедиме поддршка за оние на кои им е најпотребна.