Посета на Центарот за Социјална Работа во Кисла Вода

28 Мар 2025 | Поддршка на семејства, Соработки

По повик од ЦСР – Кисела Вода, бевме во нивните канцеларии да се сретнеме со корисник на нивните услуги, со цел дополнителна помош. Лицето неодамна излегло од болничка установа и нема сопствен дом. Ние во моментот можевме да му обезбедиме поддршка во форма на храна и облека, со цел да му помогнеме во овие тешки моменти.
Остануваме достапни за понатамошна помош и поддршка, во согласност со потребите на лицето.
Соработката со Центрите за социјална работа продолжува. Заедно можеме да направиме разлика и да обезбедиме посветли утре за оние кои најмногу имаат потреба.
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.