Правна поддршка

21 Ное 2024 | Поддршка на семејства

Во средината на сликата е Џејлан. Таа е посветена правничка која работи во Здружението Љубезност, со силна желба да им помогне на оние кои се на маргините на системот.
Нејзината најголема пасија е да работи на регистрација на нерегистрирани лица, да им овозможи правен статус и да ги заштити нивните основни права.
За Џејлан, борбата против неправдите е многу повеќе од професија – тоа е нејзина лична мисија. Нејзиниот дух не попушта пред никого, а нејзината решителност да се бори со системот за правдата и еднаквоста, ја прави вистински лидер во оваа важна област.
Секојдневно се залага за оние кои немаат глас, со цел да создаде поконструктивно и фер општество. Љубезноста и правдата се нејзини водечки принципи, и за Џејлан нема ништо поважно од тоа да ја направи светот подобро место за сите.
🔹 Со поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, преку проектите Грижи се 2 и ComHome, Град Скопје, Општина Гази Баба, Општина Карпош и компанијата CMX Solutions продолжуваме да ја унапредуваме нашата работа и да обезбедиме поддршка за оние на кои им е најпотребна.