Седмичен оброк за бездомници – 08.02.2025

2 Фев 2025 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност во сабота, 08.02.2025 подели 212 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
❤ Направи Повеќе Do More донираа 120 оброци и 120 леба
❤️ Ретвитни oброк-Retweet a meal донираa 71 оброци
❤️ Даниела и Боби, хумани граѓани кои често донираат, придонесоа со 21 оброк
Огромна благодарност и до сите наши волонтери кои помагаат во делењето на оброците. Оваа сабота ни се придружија и ученици од СУГС Никола Карев.
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions.