Седмичен оброк за бездомници – 21.12.2024

21 Дек 2024 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност во сабота, 21.12.2024 подели 297 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
❤ Zito Luks/Жито Лукс, наш постојан поддржувач, донираше 100 леба
❤️ Ретвитни oброк-Retweet a meal зготви и донираше 130 оброци
❤️ Sunilens, овој пат, донираше 30 оброци со салати и 15 леба
❤️ Тетка Руска, наша хумана сограѓанка, донираше 17 оброци
❤ LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food повторно зготви и донираше 120 оброци топло гравче, директно од тенџерето до корисниците и
❤ 50 леба донација од СИЛБО Фурна
❤️Благодарност и до волонтерите на делењето, кои одвоија дел од своето време да помогнат на оние кои немаат. Оваа сабота, како и минатите, вработените од LL Gourmet Premium Food / ЛЛ Гурмет Premium Food ни помогнаа во делењето.
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions.