Седмичен оброк за бездомници – 30.11.2024

30 Ное 2024 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност во сабота, 30.11.2024 подели 414 оброци на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
❤️Zito Luks/Жито Лукс, како и секое делење, донираше 200 леба
❤️Ретвитни oброк-Retweet a meal зготви и донираше 133 оброци со салати
❤️Хумани граѓани донираа 31 оброк
❤️NOVA International School Skopje, како и многу пати до сега се приклучија во активностите. Зготвија и донираа 150 оброци со 150 леба и 30кг овошје
❤️LL Gourmet зготви и донираше 100 оброци топло гравче, директно од тенџерето до корисниците. Тие ни се голема поддршка во активностите
❤️Благодарност и до волонтерите на делењето, кои одвоија дел од своето време да помогнат на оние кои немаат. Оваа сабота волонтираа ученици од Gimnazija Nikola Karev и професорка од меѓународното училиште Нова
❤️Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions