Тегла+

11 Ное 2024 | Сезонски активности

На 12ти и 13ти ноември ќе се одржи уште еден хуманитарен настан за собирање на храна.
Активноста ќе се одржи на 2 локации: ТИНЕКС (Првомајска) и ВЕРО 2 (Тафталиџе).
Ги повикуваме сите хумани граѓани да ги посетат нашите штандови и да донираат храна, која ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените лица. Вашата помош е од големо значење!
Препорачуваме донации на храна која не е лесно расиплива, како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Помогни некому, донирај!