За повеќето лица внесувањето во матична книга на родени е релативно лесен. Но, се почесто се запознаваме со лица кои поради одредени пречки или не знаење не успеваат да го завршат овој важен чекор за своите деца. Ова резултира со деца и возрасни без никакви права.
Таков беше случајот со едно семесјтво од Шуто Оризари кое имаше две деца на возраст од 12 и 9 години кои немаат никаква лична документација со кое се сретнавме пролетта 2023 година. Децата биле родени во Италија, и родителите не знаеле дека треба оригинал извод на децата да имаат. По собирање на потребните документи поднесовме барање во УВМК. Након неколку месеци, дознавме дека предметот е предаден во МВР за добивање на матичен број. Посетите во МВР се одвиваа секои две недели, а во јануари 2025 конечно добивме ЕМБГ и во февруари децата добија изводи.
Во меѓувреме најдовме начин децата да посетуваат настава и по добивање на изводите се однесе потребната документација во училиштето, се направи здравствено осигурување за децата и се поднесе за правата од социјална заштита за кое семејството ги исполнува условите. Тие сега имаат 14 и 11 години и ги уживаат своите права.
