Акција Полн Ранец

2 Сеп 2026 | Uncategorized

Здраво пријатели! ❤️

Со многу љубов ја започнуваме нашата акција #ПолнРанец, посветена на најмалите – дечињата кои оваа година за првпат ќе седнат во училишните клупи, а доаѓаат од семејства во социјален ризик.

 

Ве покануваме заедно да им го олесниме овој голем чекор со нови ранци, тетратки, боички, моливи и цел потребен прибор. Нашата канцеларија ве очекува секој работен ден од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот, а поддршка можете да дадете и преку телефонски повик или со донација на нашата сметка.

 

Заследете ги нашите објави во следниот период и бидете дел од моментите кога заедно ќе ги полниме нивните ранци и срца со среќа! 🎒✨

 

#Љубезност #СреќенПочеток #ЗаПрвачињата #ПомагамеЗаедно