Вдомување и санација 2024 резултати

29 Јан 2025 | Вдомување, Останати редовни активности

Во нашата работа се среќаваме со лица кои сe бездомни или под ризик од бездомништво и кои останале без стабилно место за живеење. Со поддршка од разни проекти и донатори, им нудиме можност на одредени лица да покриеме кирија, што им овозможува да започнат повторно да го градат својот живот.
🏡Кога немаш дом, немаш ниту основна можност за хигиена, ниту квалитетен сон, а камоли да одиш на работа и да имаш стабилен приход. Затоа, обезбедувањето на покрив над главата е клучен прв чекор кон подобрување на нивната состојба. Во 2024 година, успеавме да помогнеме на 9 лица да добијат свој дом.
🔧Доколку некој веќе има дом, но условите се лоши, нудиме помош за извршување на ситни или поголеми поправки, во зависност од нашите можности. Во минатата година, успешно завршивме 72 санации, помагајќи им на луѓето да живеат во подобри услови.
Оваа година да ни биде поуспешна!✨