Грижа и поддршка во домот по оперативен зафат

9 Јун 2026 | Останати редовни активности, Поддршка на семејства

🏠❤️ Во изминатиот период реализиравме секојдневни посети на вдомен бездомник кој закрепнува по оперативен зафат на главата.

За време на посетите обезбедивме:

✅ Следење на неговата здравствена состојба

✅ Помош и поддршка во секојдневното функционирање

✅ Редовно примање на препишаната терапија

✅ Разговор, охрабрување и човечка грижа во процесот на закрепнување

Веруваме дека секој човек заслужува достоинствена грижа и поддршка, особено во моменти кога му е најпотребна. Продолжуваме да бидеме тука за оние на кои им е потребна помош и внимание. 💙