Делење на новогодишни пакетчиња со компанијата Next Sense

25 Дек 2024 | Донирање, Доставени донации

Компанијата NextSense, традиционално, организираше убав настан во нивните канцеларии за да ги изненади дечињата од ранливи категории. Покрај набавката на новогодишни пакетчиња и подароци, ги донесовме дечињата со нивните родители, каде беа почестени со сокчиња, грицки и слатки.
Со музика и многу радост, дечињата се дружеa и со вработените, а имаa и можност да го запознаат Дедо Мраз! 🎅
👉 NextSense редовно шири радост и насмевки на најмладите, покажувајќи вистинска посветеност кон заедницата. ❤️