Донирани средства во 2024

23 Јан 2025 | Доставени донации

Во 2024 година, во рамките на нашите активности, успеавме да направиме значајна разлика во животите на многу луѓе. Со големо срце и посветеност, поделивме:
👉3,942 килограми храна – благодарение на сите вас, многу семејства добија основни животни потреби.
👉1,002 парчиња лекови – со вкупна вредност од 191,651 денар, помогнавме во обезбедувањето на неопходна здравствена поддршка.
👉324 килограми хигиенски средства – важен чекор за одржување на здравјето и благосостојбата на нашите сограѓани.
👉13,598 оброци – нашето редовно неделно делење овозможи храна за бездомните лица во градот.
Секој ваш допринос е важен! Благодариме на сите што не поддржувате во нашата мисија. Заедно продолжуваме да ја шириме љубезноста и солидарноста! 💖