Започнуваме со реализација на проектот ComHome

21 Дек 2024 | Uncategorized

Во негови рамки ќе се:
👉 даваат интегрирани услуги од мобилни тимови за поддршка на лица кои се во ризик од бездомништво или се бездомници,
👉 формира Центар за социјална инклузија,
👉 работи на дисперзија на активностите во Прилеп и во Тетови и градат капацитетите на сите вклученит партнери,
👉 застапува за воспоставување на Регистар за бездомници и
👉 побара поширок општествен одговор за борба против бездомништвото преку изработка на стратешки документи и преку користење недвижен имот за решенија за домување.
🔹Реализацијата на проектот е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ.