Минатата недела бевме дел од инспиративната конференција „Локална енергија и социо-еколошка агенда“, организирана од МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА.
Заедно со експерти, од земјава и странство, разгледавме клучни теми како што се: локалните енергетски трансформации, новите бизнис модели на локалниот енергетски пазар, одржливата иднина, праведната транзиција и намалувањето на енергетската сиромаштија.

Посебно внимание се посвети на вклучувањето на ранливите заедници и зајакнувањето на заедниците како важен дел од процесот на енергетска и социјална трансформација.

Со гордост го споделивме нашето искуство и придонес преку работата со лица од социјално ранливи категории и борбата против енергетската сиромаштија. 



Заедно кон одржлива и праведна иднина! 


