Медицинска придружба

24 Апр 2025 | Поддршка на семејства

Нашиот стручен тим неодамна затекна наш краен корисник кој се наоѓаше во сериозно нарушена здравствена состојба. Со многу трпеливост, разбирање и доверба, успеавме да го убедиме да прифати медицинска помош и заедно со него се упативме кон најблиската болница 🚑.
🩺 Таму, по направени прегледи, тој беше хоспитализиран и конечно ја доби потребната здравствена грижа. Се надеваме на негово брзо и целосно закрепнување 🙏✨.
Ваквите ситуации уште еднаш потврдуваат колку е важно постоењето на теренски тимови.