На 15ти април ќе се одржи хуманитарен настан на собирање на храна и хигиенски средства на 5 локации во Скопје.
Штандовте ќе бидат поставени во ВЕРО ЦЕНТАР (ЏАМБО), ТИНЕКС (Првомајска), Тинекс (Центар Лиса), ВЕРО 2 (Тафталиџе) и ТИНЕКС (Карпош 2 – Драмски).
Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓаните би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна. По тој повод повторно ја организираме акцијата “Нахрани 10.000“ каде се собира храна на одбрани локации, поточно во маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат донации од граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните да ги посетат штандовите и да донираат храна и средства за хигиена. Истата ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук, како и средства за хигиена!

Помогни некому, донирај!
Акцијата е организирана заедно со: Хуманитарна организација “Свети Спас”, ADRA Macedonia, SIEC Macedonia, Здружение СОЛЕМ / Association SOLEM, Асоцијација MИСЛА – Association MISLA и ARNO.