Новогодишни Базари

28 Дек 2024 | Донирање

Со задоволство ја споделуваме веста дека СУГС Гимназија ЈОСИП БРОЗ ТИТО-Скопје и СУГС Гимназија Никола Карев организираа два посебни донаторски базари, каде учениците продаваа вкусни колачиња и разни пецива! 💖
Собраните средства ги наменија за поддршка на активностите за помош на бездомни и социјално загрозени семејства.
И не само тоа! Учениците од училиштето донираа дел од колачите, кои веднаш беа споделени со нашите корисници. 🎁❤️
Нашата континуирана соработка со двте училишта е одличен пример за тоа како заедно можеме да создадеме позитивна промена. Благодариме на сите професори и ученици кои учествуваа! 🙌🌟