Персонализирана помош на корисниците

19 Фев 2025 | Поддршка на семејства, Соработки

Се радуваме што уште еден корисник доби право на гарантирана минимална помош! Пречката беше тоа што не беше регистриран како активен барател на работа, а тоа мораше да го направи во Тетово, затоа што таму се води со адреса.
Ние презедовме иницијатива и го испративме од автобуска станица Скопје до Тетово каде што го пречекаа нашите соработници од Сонце и го придружија до агенцијата во Тетово. Со оваа поддршка, тој сега ќе може да оствари редовни приходи и да го подобри својот живот.
Заедно правиме разлика! 💙
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.