Во 2024 година, нашиот посветен тим, составен од правник, психолог (кој истовремено е и медицинска сестра) и, скоро дојден, социјален работник, обезбеди огромна поддршка за нашите крајни корисници.

Вадење на лични документи (лични карти, изводи, државјанство)
Придружба до различни институции (Општина, Матична служба, Суд…)
Информирање за сопствените права и правни совети
Помош при поднесување жалби и правни акти
Помош при остварување на здравствена заштита

Медицинска придружба до специјалисти и болници.
Обезбедување на медицински материјали и лекови.
Консултации за здравствено осигурување и права на пациенти.
Совети за основни здравствени вештини и превенција

Индивидуална психосоцијална поддршка
Совети за подобрување на менталното здравје
Психолошко тестирање и информирање

Помош при поднесување за права од социјална заштита (социјална помош, детски додаток…)
Придружба до различни институции (ЦСР, АВРМ…).
Обезбедување информации за програми за обука и вработување.
Поддршка за семејства во кризни ситуации и информирање за ресурси кои им се на располагање
Секој наш напор е насочен кон подобрување на квалитетот на живот на нашите корисници. Благодариме на сите што верувате во нашата мисија и ни давате поддршка! Заедно, можеме да направиме уште поголеми промени! 
