Поддршка на семејства преку индивидуален пристап

13 Ное 2024 | Uncategorized

Бевме во посета на повозрасна личност со здравствени проблеми. За неа беше неопходно да се земе документ и да се достави во фондот за здравствено осигурување, со цел да се обезбеди нова инвалидска количка. Оваа количка е многу важна за мобилноста и секојдневните обврски на лицето.
🔹 Во реализирање на овие активности имаме поддршка од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектите Грижи се 2 и ComHome, Град Скопје, Општина Гази Баба и компанијата CMX Solutions.