Поделба на храна за социјално загрозените лица

16 Јан 2025 | Доставени донации

Во месец декември, заедно успеавме да поделиме 1193 килограми храна на социјално загрозените лица во сите општини на градот Скопје. Храната беше спакувана во пакети со основни хранливи производи кои се не лесно расипливи, со цел да се обезбеди долгорочна поддршка.
Со овие пакети беа помогнати околу 90 семејства кои се наоѓаат под социјален ризик, носејќи им не само храна, туку и надеж за подобро утре.
Благодарни сме на сите кои помогаат и што заедно правиме разлика во животите на оние кои имаат најмногу потреба. 💙
❤Посебна благодарност до Scale Focus, Valtech, САБА – Приватно средно училиште и Frontwise Group за нивната директна донација.