Поделени новогодишни пакетчиња 2025 година

30 Јан 2025 | Доставени донации

Со голема радост и благодарност, ја завршивме оваа прекрасна новогодишна акција која донесе насмевки на лицата на 1221 дечиња! Заедно, успеавме да израдуваме најмалите со разни подарочиња и новогодишни пакетчиња, кои ги донесоа сите оние магични моменти на радост и весела атмосфера.
Оваа година, како и секогаш, нашата акција беше вистински пример на колективен труд и солидарност. Без вашата поддршка оваа успешна акција немаше да биде реалност. Секој подарок, секоја донација и секоја помош имаше огромно значење за дечињата кои ги израдувавме.
Благодарение на вашата несебична поддршка, успеавме да донесеме радост и љубов во срцата на многу мали срценца.🧡
👉Огромна благодарност до Elena Gagic, Open GI, Frontwise Group, Scale Focus, Чешка Амбасада, Ways2Help, Синдикална организација при Комерцијална Банка, КПМГ Ревизија, Valtech, Интернационална градинка Wings, Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association и сите граѓани кои учествуваа, за нивниот придонес во акцијата!
Заедно правиме разлика и носиме светлина во животите на најмалите. Благодариме што сте дел од оваа прекрасна приказна! 💫