Изминатиов период нашата правничка поднесе барања за гарантирана минимална помош (ГМП) и гарантиран детски додаток (ГДД) за неколку кориснички од населбата Момин Поток, кои живеат во субстандардни услови.
Воедно изврши и проверка на статусот на веќе поднесени барања во Центарот за социјални работи Карпош, со цел, ниту една жена да не остане без поддршката која законски ѝ следува.

Преку проектот ComHome застапуваме потреба од систем кој нема да исклучува и започнување на стратешка и системска акција за препознавање, спречување и справување со бездомништвото.
