Посета на семејства во Шуто Оризари

7 Мај 2025 | Поддршка на семејства

Минатата недела реализиравме теренска посета во Шуто Оризари, каде што посетивме две семејства.
 
Запознавме едно ново семејство кое живее во исклучително тешки услови за живот. Нивниот дом има потреба од повеќе санации и тие не се приклучени на вода. Дополнително, семејството во моментов е без примања, откако го загубиле единствениот извор на доход. Иако активно бараат нова работа, во меѓувреме им е итно потребна помош со основни намирници и хигиенски производи.
 
Со другото семејство веќе подолго време сме во контакт и редовно му помагаме. Пред една недела тие добија нов член – прекрасно новороденче. Со радост информираме дека и мајката и бебето се здрави. Продолжуваме да бидеме тука за нив, подготвени да понудиме поддршка и во наредниот период.
 
Вашата поддршка значи многу за овие семејства. За донации и вклучување во нашите активности – контактирајте нè.