Оваа недела имавме голема чест и задоволство да ги посетиме учениците од 5-то до 7-мо одделение во ООУ „Вера Циривири – Трена“.
Преку интерактивна презентација ги запознавме со нашите активности, мисијата што ја следиме и вредностите на солидарност, емпатија и хуманост. ❤️
Целта беше едноставна, но важна – да ги инспирираме децата да ја препознаат важноста на помошта и поддршката за другите, да веруваат дека и најмалата акција може да направи голема разлика, и да ги поттикнеме да бидат активни граѓани уште од најрана возраст. 🌱
Благодарност до училиштето за поканата и за гостопримството!

