Минатата недела имавме прекрасна прилика да се сретнеме со учениците на СУГС Гимназија ЈОСИП БРОЗ ТИТО-Скопје и да ја презентираме работата на здружението „Љубезност“. Во атмосфера исполнета со енергија и заинтересираност, им раскажавме на младите луѓе како преземањето иницијативи можат да направат вистинска разлика во нечиј живот.

Оваа презентација беше одлична можност за нив да разберат како може да почат со волонтирање во некоја организација, да создадат свои иницијативи и да станат дел од движечката сила која создава позитивни промени во нивната заедница.

Се радуваме што сме дел од процесот на едукација и инспирација на младите за важноста на солидарноста, љубезноста и активното учество во заедницата.

Благодарни сме на ученичката публика и наставниот кадар за гостопримството и позитивната атмосфера!
Заедно може да направиме разлика! 
