Придружба до Итна Медицинска Помош

12 Мај 2025 | Поддршка на семејства

Прв чекор за регистрација на лице во матична книга на родени е собирање на потребната документација. Во овој случај беше потребна потврда за раѓање вон болнички услови. Се упативме со крајните корисници во службата итна медицинска помош каде што поднесовме барање за потврдата
 
Ова е само еден од многуте чекори во процесот, но и уште една потврда дека патот до уживање на правата започнува со пристап до информации, придружба и поддршка.
 
📌 Правото на идентитет е основно човеково право. А ние ќе продолжиме да чекориме заедно со оние на кои најмногу им е потребна подадена рака.