Придружба до Поликлиника Шуто Оризари

28 Мар 2025 | Поддршка на семејства

Имавме успешна посета на Поликлиника Шуто Оризари со едно детенце кое не е регистрирано во нашата земја и неговата мајка.
Целта на посетата беше да се утврди возраста на детето со што понатака ќе може да се впише во матична книга на родени. Без тоа детето нема никакви права, не оставрува здравствено осигурување, не може да се школува, и ред други нормални права кои секој граѓанин го следуваат со раѓање.
Благодариме на тимот на поликлиниката за професионалната поддршка и внимание. Заедно се грижиме за правата, здравјето и образованието на децата!
🔹 Реализацијата на активностите е овозможена со финансиска поддршка од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија во РСМ, преку проектот ComHome.