Работилница за работни и технички вештини

18 Сеп 2026 | Останати редовни активности

📌 РАБОТИЛНИЦА „РАБОТНИ И ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ“

На 15 септември, во просториите на Центарот за социјална инклузија „Дренак“, реализиравме практична работилница на тема „Работни и технички вештини – од основни работни способности до професионална практична работа“, на која учествуваа 15 наши корисници.

Преку презентација, разговор, демонстрација и практична работа, учесниците се запознаа со различни видови работни и технички вештини, основните рачни и електрични алати, нивната правилна употреба, како и со важноста на прецизноста, одговорноста и безбедноста при работа.

🔨 Во практичниот дел, корисниците имаа можност непосредно да работат со различни алати и преку конкретни примери да видат дека добриот резултат не зависи само од алатот, туку и од знаењето, вештината и правилниот начин на работа. Материјалот опфати и механички, електротехнички, градежни, монтажни и други практични вештини.

🎯 Со ваквите работилници сакаме нашите корисници да стекнуваат практични знаења, поголема самостојност и сигурност, но и вештини кои можат да им помогнат полесно да се вклучат на пазарот на трудот.