Регионална конфереција „Борба против бездомништвото – општествени одговори и одговорности“

22 Ное 2024 | Соработки

На 20ти и 21ви ноември, на UTMS Skopje, се одржа конференција во склоп на проектот Take Care 2 – Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Северна Македонија. Проектот е финансиран од Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.
На конференцијата присуствуваа претставници од различни земји и организации кои се посветени на решавање на проблемот со бездомништвото. Преку споделување на искуства, законодавни практики и успешни модели од нивните земји, учесниците се фокусираа на унапредување на постојните практики и развој на нови, поефикасни решенија за помош на бездомните лица.
Главната цел на овој настан беше меѓусебното учење и размена на знаења за подобрување на поддршката за лицата во ситуација на бездомништво, како и унапредување на постојните практики.
Конференцијата ја организиравме заедно со Roma Democratic Development Association Sonce и Македонски Каритас, во соработка со Caritas Srbije
Голема благодарност до сите поединци и претставници на НВО кои учествуваа:
👉Проф. Весна Стефановска – Професорка на факултет за безбедност
👉Наташа Станојевиќ – Државен советник за креирање на политики од областа на социјална заштита
👉Проф. др. Стојан Бајрактаров – Професор и доктор на клиника за психијатрија
👉 Г-дин Метин Лимани – Посебен советник во кабинет на министерот Фатмир Лимани
Ние продолжуваме да работиме на создавање на поинклузивно и праведно општество за сите!