Кога денот заминува, и последните зраци на сонцето исчезнуваат зад хоризонтот, се јавува потребата за светлина. Без неа, не можеме да читаме, семејството не може да се собере, а детските игри, полни со смеа и радост згаснуваат.
За нашите корисници обезбедуваме ЛЕД сијалици за сијаличните места каде што недостасува. Тие во исто време се и поекономични, трошат 10 пати помалку електрична енергија од обичните. Така се бориме и со енергетската сиромаштија.



