Седмичен оброк за бездомници

28 Мај 2025 | Седмичен оброк

❤️ЗГ Љубезност последните две саботи, 17 и 24.05.2025 подели вкупно 391 оброки на бездомните лица во градот. Им упатуваме благодарност на сите кои придонесоа:
 
Направи Повеќе Do More донираа 135 оброци и 130 леба
Zito Luks/Жито Лукс донираше 100 леба
❤️ Ретвитни oброк-Retweet a meal зготвија и донираа 221 оброци со салатa
❤️ ООУ “Вера Циривири – Трена” Скопје донираа 35 оброци
 
❤️ Благодарност на сите волонтери кои се вклучија во делењето. Овој пат ни помогнаа 6 ученици од NOVA International School Skopje.
 
❤️ Во реализирање на седмичните активности за помош и поддршка на бездомните и социјално-загрозените лица имаме континуирана поддршка од компанијата CMX Solutions.