❤️ Седмичен оброк – 17.10.2026 | Солидарноста е повеќе од оброк!
🍲 17 Октомври – Светски ден на борбата против сиромаштијата
Сиромаштијата не се победува само со полни чинии, туку и со општество во кое секој човек има достоинство, можности и шанса за подобар живот. Еден оброк може да значи многу повеќе од храна – човечка близина, доверба и надеж дека никој не е заборавен.
❤️ И оваа сабота, преку нашата редовна активност „Седмичен оброк“, продолживме да им подаваме рака на лицата и семејствата во социјален ризик, благодарение на нашите донатори и поддржувачи:
🍲 @Ретвитни оброк – Retweet a Meal – 135 оброци
🍲 @Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп – 100 оброци
🍲 @Црвен крст Карпош – 180 оброци
🍞 Нашата Тиана – 25 леба
🍞 @Zito Luks Жито Лукс – 50 леба
🤝 Посебна благодарност до градоначалникот на Град Скопје, @Орце Ѓорѓиевски, кој повторно ја даде својата поддршка на нашата хуманитарна активност. Се надеваме дека оваа поддршка ќе прерасне во уште посилна и продлабочена соработка во интерес на најранливите граѓани.
💖 Искрена благодарност до сите донатори, соработници и волонтери кои од недела во недела покажуваат дека солидарноста се докажува со дела.
Борбата против сиромаштијата е наша заедничка одговорност – за достоинство, надеж и подобар живот за секого! ❤️

#Љубезност #СедмиченОброк #СтопЗаСиромаштијата #Солидарност #Хуманост #ГрижаЗаЗаедницата
