Седмичен оброк 25.09.26

1 Окт 2026 | Седмичен оброк

🍲 Седмичен оброк – Петок, 25.09.2026

И овој пат продолжуваме со нашата континуирана активност за обезбедување и делење оброци за лица и семејства на кои поддршката им е потребна.

 

Овојпат беа обезбедени вкупно 175 оброци и 90 леба, благодарение на поддршката од:

 

👉 @Ретвитни оброк – Retweet a meal – 115 оброци

👉 @Zito Luks / Жито Лукс – 50 леба

👉 Љубезност – 60 оброци и 40 леба

 

Им благодариме на сите донатори, поддржувачи и волонтери кои овозможуваат оваа активност да продолжува од недела во недела. 💖

 

♻️ Важен дел од секоја наша акција е и грижата за просторот во кој се реализира. По завршувањето, нашите волонтери редовно ја оставаат околината чиста и собираат отпадоци од непосредниот простор – вклучително и отпад кој не е создаден при самото делење на оброците.

 

За нас, солидарноста значи не само да помогнеме на луѓето, туку и одговорно да се грижиме за заедничкиот простор што сите го користиме. ❤️