Имавме одлична средба со Директорот на УВМК РСМ, Фатон Фазлиу, на која ги презентиравме активностите на нашето здружение за помош и поддршка на нашите крајни корисници.
Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме во обезбедувањето на лични документи и за можностите за продлабочување на нашата соработка.
Заедно, можеме да направиме разлика и да создадеме подобри услови за оние на кои им е најпотребно. Благодариме на Фатон Фазлиу за конструктивниот дијалог и поддршката!