Нашиот посветен стручен тим, составен од социјален работник и правник, неделава беше во посета на две социјално загрозени семејства.
Првото семејство се соочува со последици од поплава која го зафати нивниот дом, додека второто семејство живее во дом со висок степен на влага, што создава опасни услови за живот. Овие неповолни услови сериозно влијаат на здравјето на семејството, кое дополнително се бори со хронични болести и попреченост.







