„Љубезноста не е само решение на проблеми, туку е нешто што секој може да го направи за да направи разлика“, вели Андреа Квинси, директорка во универзитетскиот весник на Оксфор.
Во склоп на истражување спроведено на повеќе од 3000 деца на возраст од 6 до 14 години, зборот што најмногу им оставил впечаток на младите е токму „љубезност“. Оваа статистика укажува на важноста на вредностите кои се развиваат од најмали години.
Нашата дефиниција за „Љубезност“ е дела на подарување, без очекување, ништо за возврат. Тоа е и нашето мото и не значи само материјална помош, но целокупна поддршка за промена на животните услови од психолошка поддршка до советување и поставување на заеднички цели со корисникот.
Целиме кон општество во кое сите имаат достоен живот. За тоа ни е потребна и вашата помош. Ајде сите да бидеме пољубезни за да го направиме светот подобро место за живеење за сите!

Повеќе за истражувањето може да прочитате во статијата подолу: