Љубезност & Go Green – Биди Зелен на Anna Lindh Foundation Forum во Тирана

19 Јун 2025 | Сезонски активности, Соработки

18–20 јуни 2025 | Плоштад Скендер Бег
Со огромна чест и радост учествуваме на Форумот во Тирана, каде што се собраа над 900 претставници од организации од три континенти!
На сто квадратни метри, во срцето на градот, имаме можност да ја претставиме нашата мисија преку активности кои спојуваат храна, хуманост и одржливост.
🍅 Веднаш по пристигнувањето на 17 јуни, се упативме до големиот пазар и контактиравме неколку хотели со цел да набавиме вишок храна која е безбедна и употреблива. Од таа храна подготвивме вкусна салата, која ја дегустираа бројни учесници и случајни минувачи.
🥣 Денес попладне ќе готвиме гравче на македонски начин!
Посетителите ќе имаат можност да го пробаат, а поголем дел од оброкот ќе биде дониран на бездомниците во Тирана.