Ранци и училишен прибор

16 Сеп 2025 | Останати редовни активности, Сезонски активности

Изминатиот период, со многу радост и благодарност, ги подигнавме донациите кои беа несебично собрани од индивидуи и компании, а кои беа наменети за иницијатива заедно со Ways2Help за подигање на училишен прибор.
Донациите ги подигнавме во прекрасната атмосфера на StartUp Club Skopje, во рамки на Среќа bar&food, каде што уште еднаш почувствувавме колку е голема силата на заедништвото и солидарноста.