Се повеќе донатори ни се приклучуваат во овие седмични активности.
Минатава сабота (25.09.2021), заедно со #Ретвитниоброк обезбедивме оброк на бездомниците. Посебно сме благодарни на Geert од Белгија кој ни се приклучи како волонтер, како и на оние кои дадоа свој придонес:
- #ретвитниоброк обезбеди 135 оброци (58 оброци ориз со колбас, 73 компир со колбас)
 - KFC преку Стефан Лазаров обезбеди 50 оброци
 - Елена – 6 оброци (ориз) и 11 благи
 - Никола обезбеди 5 оброци
 - Горан и Тања од Карпош 3: 40 оброци (гравче со колбас и салата)
 - Лефтерис, Јулија и Елени – 33 оброци (макарони со сос)
 - #Љубезност обезбеди 110 леба и 25 конзервирана храна
 

Во реализирање на овие седмични активности имаме поддршка од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions, а програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.



				